Предлог – Програма во областа на располагањетo со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2022 година која беше изгласана на денешната седница на Советот на Општина Охрид предизвика бурна расправа. Имено претходните денови од страна на оганокот на Левица во Охрид беа поднсени над 80 амадмани со цел како што напоменаа да се блокира оваа точка и да се тргне од дневниот ред на Седницата, односно да не се изгласа како што наведуваат продажба на земјиштето кај Мауцкер, кој преставува значаен археолошки локалитет.

Во оваа насока беше и денешното излагање на советничката од Левица, Виолета Аврамоска која воедно упати и апел до советниците да не гласаат за оваа точка, но ја пренесе и поддршката од здруженијата, како и пораката од археолозите.

Државното земјиште не е лична сопственост ниту на градоначалникот ниту на неговата партија ниту на народот. Токму поради тоа за продажбата на Мауцкер треба да се слушне гласот на охриѓани, а не интересите на бизнис елитата и интересите на вработените во власта. Неколку граѓански здруженија, археолози, туристички водичи, ја поддржаа оваа иницијативата реагирајќи дека Мауцкер претставува археолошки локалитет, каде се наоѓал античкиот град Хермелеја, што е утврдено со истражувањето на Завод и музеј Охрид, во 1974 година. Според тоа, Мауцкер, како археолошки локалитет, ниту смее да се распродава, ниту пак таму може да се гради, истакна Аврамоска.

Од страна на Аврамоска беше споменато дека било доставено барање до Советот на Општина Охрид да можат археолозите да се обратат, но по образложението дека може да се обратат само советници на седница, следеше бурна реакција од страна на Сашо Кироски, археолог, кој ја истакна важноста од архелолошкиот комплекс и неговото зачувување, по што беше замолен да ја напушти седницата, со оглед дека има можност само да ја следи седницата. Ова од страна на позицијата беше оценето како корстење на седницата за политички поени.

Беше посочено дека во археолошкиот комплекс околу Мауцкер влегуваат локалитети Енгелана или Македонската Микена од (рана антика) ран македонски и македонскиот период (Филип II Македонски) и Свети Еразмо, базилика која е посветена на истоимениот светец. Поради значењето на овај археолошки комплекс од светски рамки, веќе е и обработена проектна идеа за првиот отворен Музеј во Европа, потенцираше Аврамоска.

Од стручните служби во Општина Охрид истакнаа дека поднесените амандмани не се прифатени бидејќи не се законски, не се во согласност со правилникот и другите подзаконски акти, што значи дека истите не се основани и не се прифаќаат. Во овој момент, беше образложено, се донесува Предлог програма за располагање со градежно земјиште сопственост на Р. Македонија на подрачјето на Општина Охрид за 2022 година, потенцирајќи дека се донесува Предлог програма, а не се продава земјиште.

Оваа Програма сме должи по Законот за градење да ја донесеме согласно Законот, ако не ја донесеме може да ни се одземат ингеренциите. Со донесување на оваа Програма ние отвораме можност за продажба што не значи дека сите наведени парцели ќе бидат реализирани, програмата може да биде и со реализација нула. Што се однесува до цените, не ги утврдуваме ние, туку со Одлука на Влада се донесува висината на цената за продажба за соодветна намена. Конкретно за оваа цената е 61 денар. Во истата Уредба во друг член е наведено дека треба да се направи и чекор на наддавање кое ќе изнесува 10% од цената, но не помалку од 10 денари. Занчи вкупната цена на минималната продажба нема да биде 61 денар, туку 71 денар, согласно Законот за градежно земјиште, правилниците и уредбите. Значи ова е минималната почетна цена која ќе биде понудена на јавно надавање. За да се стави земјиште на продажба треба да имаме соодветна планска документација. За овој простор е донесена планска документација и ги има сите потребни документи и согласности вклучувајќи ги и Министерството за култура и Завод и музеј, постапката е запазена, одржана е јавна анкета, презентација и добиена е позитивна оценка од Минстерство за транспорт и врски, значи е завршена таму оваа процедура. Целокупната постапка потоа за продажба на градежно земјиште ја извршува Комисијата донесена од Градоначалник. Ние сега донесуваме само отвораме можност за понатамошно продавање, истакаа од стручната служба при Општина Охрид.

Реакција имаше и од секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, кој истакна дека седницата била закажана пред осум дена и требало доколку имало потреба од консултации да се обратат до нив претходно, потенцирајќи повторно дека денес не се носи Одлука за продажба на државно земјиште како што сака тоа де биде претставено во јавноста од страна на Левица Охрид, туку Предлог програма за располагање со градежно земјиште.

Следеше реакција по завршување на седницата од страна на Левица Охрид и Кироски дека скандалозно е да се бркаат истакнати научници и да не им се даде право на збор, а се до цел да се истурка точката за продажба на Мауцкер. Потенцирано беше дека не било дозволено поединечно образложување на амандманите што велат е спротивно на деловникот, но и дека оваа точка за продажба односно отуѓување на земјиштето треба и да влезе и во извештајот на УНЕСКО.

Н.С.Ј.