Меѓу присутните се наоѓаа и негови обожаватели од странство.
– Концертот беше потресувачки, како што би рекле Русите. Брамс го изведе феноменално, со многу јак и силен звук. Борис е „страшен“ свирач со феноменална техника. Тој е апсолутно феноменален и како човек и како пијанист и мислам дека е еден од најспособните пијанисти, ако не и најспособен, на нашето време, затоа што може секој ден да свири во различна земја, со различен репертоар и да отсвири феноменално – изјави пијанистката Маја Матијевиќ од Белград, која студира на конзерваториумит во Москва и допатува во Охрид само за да го слуша Борис Березовски.
Уметникот , после исцрпната програма која ја изведе во Св. Софија, на шега изјави дека се чуствува како тенисер.
– Јас сервирав добро, публиката одлично се покажа и на крајот јас победив. Се шегувам, ова беше навистина прекрасен концерт, бев посебно инспириран од преубавиот амбиент и од топлата публика. Уживав во свирењето и го дадов најдоброто од себе затоа што овој фестивал тоа го заслужува. После овој концерт, ми следуваат 10 дена одмор, конечно по подолго време исполнета агенда, рече Борис Березовски .
Со концертот синоќа Борис Березовски само ја продлабочи трагата која ја остави зад себе во историјата на фестивалот „Охридско лето“.