Околу 2000 граѓани вечерва бурно протестираа пред македоноото Собрание против потпишување на договор помеѓу владите на Македонија и Грција за решавање на спорот за името.
Во еден момент протестите ескалираа кога некој од присутните фрлил молотов коктел кон полицијата, кој не се запалил, биле фрлени и повеќе стаклени шишиња, како и шок бомба. Полицијата не интервенирала. Во еден момент непознати и маскирани лица ги нападнале новинарските екипи кои го следеле настанот.
На протестот се извикувале пароли против постигнатиот договор и премиерот Заев.
Учесниците најавија дека протестите ќе продолжат декојдневно и дека нема да дозволат да биде потпишан договорот помеѓу премиерите на двете земји за решавање на спорот за името.
Како што е познато, македонската влада соопшти дека е постигнат договор со Грција за решавање на проблемот со името на нашата земја. Предлогот е Република Северна Македонија за севкупна употреба.
Веста за протестите во главниот град на Македонија ја пренесоа медиумите во земјите од регионот.
OhridNews