Екипата на Бурнмаут освои драгоцени три бодови во трката за опстанок совладувајќи го Арсенал со 2-1 пред своите гледачи во 23-та рунда од Премиер лигата.
Фудбалерите на Бурнмаут првата победа над Арсенал во премиерлигашките мечеви ја обезбедија со пресврт од 70-та до 74-та минута. Калум Вилсон го анулираше водството на „топчиите“ кои поведоа со голот на Хектор Белерин, а победата ја осигура Џордан Ајб.
Арсенал на „Виталите“ стадионот настапи без најдобриoт играч Алексис Санчез. Чилеанецот се наоѓа на излезни врати од Емирати и третиот меч во серија без победа е уште една грижа повеќе за Арсен Венгер.
OhridNews