Екипата на Бурнмаут извлече реми на Олд Трафорд, откако ремизираше (1-1) со Манчестер Јунајтед во првиот меч од 26-та рунда во Премиер лигата.


Бодот за гостинските фудбалери е како победа, бидејќи цело полувреме играа со фудбалер помалку. „Црвените ѓаволи“ имаа се во свои раце, но Златан Ибрахимовиќ не реализираше од белата точка во 72-та минута при резултат 1-1.


Головите паднаа во првиот дел. Маркос Рохо го отвори резултатот, додека Кинг донесе егал со голот од пенал во 40-та минута. Четири минути подоцна Шурман доби втор жолт, автоматски црвен картон.


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед не ја искористија шансата со победа да се пробијат место погоре на табелата и одново ги разочараа навивачите.

OhridNews