Американскиот претседател Џорџ Буш, склон кон правење гафови, беше во форма по доаѓањето на самитот во Сиднеј, каде наместо АПЕК го спомна ОПЕК, а за австралиските војници рече дека се австриски.

Буш, на почетокот на своето обраќање на бизнис форумот пред отворањето на самитот на организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка(АПЕК), обраќајќи му се на австралискиот премиер Џон Хауард рече:

„Господине претседател на Владата, ви благодарам за поздравниот говор. Ви благодарам што сте добар домаќин на самитот на ОПЕК (Организација на земјите извознички на на нафта). Кога неколку стотини луѓе присутни во салата почнале на глас  да се смеат, Буш се поправил и се пошегувал „Ме покани на самитот на ОПЕК идната година“.

Во продолжението на говорот, американскиот претседател рекол дека Џон Хауард минатата година бил да ги посети „австриските војници“ во Ирак. Во Ирак нема австриски војници, но Австралија испрати околу 1500 војници на различни локации во таа земја.    

Јасминка Т. Момироска