
Буш рече дека разговарал телефонски со новоизбраниот претседател Бајден и му ја честитал победата.
Буш во соопштението додава дека Американците можат да имаат доверба во тоа дека американските избори „во суштина биле фер, дека ќе го задржат својот интегритет и оти резултатот е јасен“.
Тој исто така и честиташе на Камала Харис за изборот за потпретседателка.
Буш сепак додаде дека сегашниот претседател Доналд Трамп има право да побара пребројување на гласовите и да поведе судска постапка.
OhridNews












