Најновио гаф на американскиот престедател Џорџ Буш кој по грешка го прогласи за мртов нобеловецот Нелсон Мендела ги збуни јужноафриканците бидејќи познатиот борец за човекови права и експретседател на земјата има 89 години и  е жив. Буш предвреме го погреба Мандела во говорот за верското насилство во Ирак.

„Се што можеме да направиме е да ги увериме луѓето, посебно јужноафриканците, дека претседателот Мендела е жив“ рекол директорот на Фондацијата Нелсон Мендела, Ахмат Дангор.

Во говорот во кој ја бранел политиката на својата администрација за Ирак, притоа споменувајќи ја бруталноста на ирачкиот претседател Садам Хусеин, Буш рекол: „Слушнав како некој прашува ’Каде е Мендела?’ Е па Мендела е мртов затоа што Садам Хусеин ги уби сите Мендели“  

Ј.М.