Канадската тенисерка Еугеније Бушард го одржа ветувањето дадено пред своите фанови, откако во втората рунда на мастерс турнирот во Мадрид ја совлада Марија Шарапова во три сетови (7-5, 2-6, 6-4) по речиси три часови игра.
Симпатичната тенисерка од Канада веднаш после суспензијата на Шарапова поради користење на недозволени супстанции изјави дека луѓе кои лажат не смеат да бидат дел од спортот и покрај што Русинка и била идол на почетокот од тениската кариера.
– Нејзиниот пример е лош, многу лош. Таа проба да не излаже сите, а таквите според мене немаат место во спортот. Шарапова не е фер спрема другите тенисерки кои тренираат напорно без додатоци и кон младите, бидејќи видете каква порака им праќа. Ми беше идол, но после допинг аферата не повеќе. Дадов ветување пред фановите дека првиот пат кога ќе се сретнам со Марија ќе победам и го исполнив. – изјави после мечот Бушард.
Канаѓанката во третата рунда на мастерсот во Мадрид ќе се сретне со германската тенисерка, Анџелик Кербер.
OhridNews