Ниту Лионел Меси ниту Нејмар туку Серхио Бускетс е херојот на Барселона на гостувањето во Валенсија откако победничкиот погодок (1-0) го постигна во судиското продолжение.
Бускетс најдобро се снајде во мешаницата и „крвнички“ со силен удар ја затресе мрежата на домаќините.
Со трите бодови од жешкиот терен на „Местаља“ каталонците одновно му се доближија на „кралевите“ на два бодови.
Мх.П.