Четвртфиналето во Лигата на Шампиони станува баук за Барселона, откако четири настапи во последните пет години ги заврши токму во оваа фаза од натпреварување. Сезонава непреминлива пречка за каталонците беше Рома, која со победа 3-0 на Олимпико ја надохнади негативата 4-1 од првиот меч во Барселона.
– Ова е најголем пораз во мојата кариера. Ја загубивме Лигата на шампионите, тие го искористија полниот стадион, создадоа вистински шанси, а ние изгледавме многу лошо. Рома заслужено оди понатаму, а за мене ова е најтешкиот пораз – изјави Серхио Бускетс.
Барселона во 2015 ја мина четвртфиналната фаза и стигна до финалето, каде го победи Јувентус. Со елиминацијата од ЛШ заврши и сонот за тројна круна на Барселона.
OhridNews