Ексклузивни парчиња на женска гардероба од најновите модни линии на брендовите „Astibo“, „Happening“ и „Julija Bergovich“, се дел понудата на бутикот “Коко” (“Coco”) кој вчеравечер беше отворен на нова локација во охридската чаршија наспроти Трговскиот центар „Амам“.

Оваа модерна продавница, која е уредена според најсовремените стандарди, на своите клиенти ќе им понуди врвни модни производи со висок квалитет, проверени природни материјали и уникатни дизајни.

Моментално е актуелна новата пролетна линија на женски кошули, панталони, здолништа, фустани и многу други производи кои ги задоволуваат и најпрефинетите модни вкусови на жените со стил.

-Со отварањето на новиот бутик, кој во суштина ја промени само својата локација, ја продолжуваме семејната традиција на трговија со текстил која трае веќе долги години. Нашите ценети купувачи, како и секогаш ќе можат да бидат сигурни дека купуваат квалитетна и брендирана градероба, велат сопствениците на бутикот.

Покрај широката палета на женски парчиња облека, бутикот „Coco“ нуди и голем избор на модерни женски акцесоари како што се кожни чанти и паричници.

OhridNews