Бранителот на трофејот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид во 1/4 финалето ќе се сретне со градскиот ривал Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ сезонава се поуспешни од „кралевите“ во меѓусебните натпревари, но поразот во финалето минатата сезона секогаш ќе ги прогонува „црвено белите“.
– Знаеме и свесни сме дека ќе биде тешко и многу изедначено. Секој сегмент ќе биде значаен во двомечот со Атлетико, затоа мора да одиграме точно и без грешка. Исто така се надевам дека повредите ќе не заобиколат и со најјакиот состав ќе им се спротиставиме. – рече спортскиот директор на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо.
Атлетико ќе биде прв домаќин на „Винсенте Калдерон“, а реваншот една недела подоцна ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.
Мх.П.