Тепачката во која беше инволвиран секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид со контроверзно име „Цар Борис Трети“, е искористена за други цели и затоа случајот се крена на диопломатско ниво, смета проф. д-р Стефан Буџакоски, универзитетски професор и поранешен висок полициски службеник. Во емисијата „Напладне“ на Охридњуз, Буџакоски изрази сомнеж дека настанот нема да има правна туку политичка разрешница, укажувајќи на сериозни пропусти во постапката.

 

Охрид е мал град и од она што го слушаме што се случило вечерта тоа не е за кривична пријава, тоа е за прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а доколку има меѓусебни нерасчистени односи, ќе си расчистат органите. Сметам и апелирам до Јавното обвинителство да побара да го ослободи притворениот, бидејќи не можеме ние да држиме во притвор лица  поради постигнување на политички цели. – изјави во емисијата „Напладне“ универзитетскиот професор Буџакоски.

Буџакоски: Политичка ќе биде разрешницата на случајот со Пендиков

Г.М.