Словенскиот состав Целје триумфираше на 46-то издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“. „Жолтите“ во финалето на теренот „Женска плажа“ со минимални 25-24 ја совладаа романска Констанца предводена од Македонецот Ѕвонко Шундовски.

Стружани и љубителите на ракометот и спортот имаа можност да проследат добри натпревари, а турнирот беше организиран на високо ниво. Впечатоците на учесниците се` само позитивни и сигурно до година ќе има уште поквалитетни екипи.

Во малото финале Феникс со 32-24 го победи составот на Железничар, а Алингсас во мечот за петтото место го совлада турски Бешикташ 29-22. Еурофарм Работник финишираше на седмата позиција победувајќи го домаќин Струга со 33-26.

Резултати:

Финале: Целје – Констанца 25-24

Меч за трето место: Железничар – Феникс 24-32

Меч за петто место: Бешикташ – Алингсас 22-29

Меч за седмо место: Струга – Еурофарм Работник 26-33

OhridNews