Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во вечерашното обраќање до нацијата изјави дека целта на руските сили е да го заземат источниот и јужниот дел на земјата.
Тој и се пожали дека западните држави не обезбедиле доволно противракетни системи за Украина.
Зеленски ги пофали силите кои го бранат опколениот пристаништен град Мариупол, бидејќи „ нивниот отпор им овозможува на другите градови да добијат драгоцено време“.

Но, Украина „пружа значителен предизвик“ за руските воздушни и ракетни операции.
Руските авиони сè уште ранливи на кратките и средните системи за воздушна одбрана“.
Како резултат на нивната „неспособност да пронајдат и уништат системи за противвоздушна одбрана“, напорите на руските сили да ја преземат контролата над воздушниот простор се „сериозно отежнати, наведува британското Министерството за одбрана.
OhridNews











