Стартуваа активностите за целосна реконструкција на улицата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“, од улицата „Кленоец“ до населбата „Радојца Новичиќ“.
Проектот за реконструкција предвидува асфалтирање на коловозната лента и изведба на тротоари. Исто така, улицата ќе добие и нова сигнализација и осветлување.
Активностите се дел од годишната Програма за Уредување на градежно земјиште и за оваа намена се издвоени околу 13 милиони денари од буџетот на Општина Охрид. Градежните работи на терен ги изведува фирмата АД „Илинден“ Струга.
OhridNews












