Претставата „Чекајќи го министерот” со прославената српска актерка Лидија Вуќичевиќ, позната на повозрасната публика по улогите во некогаш многу популарните југословенски серии и филмови како „Бољи живот“, „Жикина династија” и други, наскоро доаѓа во Македонија. Претставата во која уште играат и Семир Гичиќ и Сашо Ристовски, ќе биде изведена во повеќе градови, а во тек се преговори и за Охрид.

Лидија Вуќичевиќ

-Се работи за хит комедија која предизвикува внимание во регионот и во моментов преговараме претставата да биде изведена и во Охрид, најверојатно на крајот од месец февруари, со што ќе го освежиме и збогатиме  нашиот репертоар, ни изјави директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, Горан Симоноски..

Горан Симоноски

Што се однесува до театарската понуда на охридскиот народен театар оваа година, од Центарот за култура Охрид информираат дека аплицирале за повеќе нови претстави кои треба да ги работат еминентни режисерски имиња, а ќе бидат официјално најавени наскоро.

OhridNews