Минатата сезона со Чаби Алонсо во средината и Анхел ди Марија во нападот кралскиот клуб стигна до толку посакувана десетта титула во Лигата на Шампиони.
Во летниот преоден рок шпанскиот репрезентативец замина во Баерн Минхен, а Аргентинецот за рекорден трансфер во Англија се пресели во Манчестер Јунајтед.
– Јас и Ди Марија од Реал Мадрид заминавме од исти причини. Ние работевме напорно на тренинзите и дававме се од себе на натпреварите, а другите играчи добиваа пофалби. – рече Алонсо.
И во двата случаи навивачите негодуваа, но безуспешно бидејќи Алонсо и Ди Марија решија да заминат од Сантијаго Бернабеу.
Ohridnews