Иако е забрането со закон, палењето стрништа или трска и натаму е честа појава. Густ чад од палење на нива на излезот од Охрид кон Скопје попладнево обви дел од населбите Лескајца, Воска и Далјан, а низ воздухот леташе пепел.
Палењето стрништа некогаш знае да избега од контрола, како што тоа беше случај минатата година во Дебело поле каде изгореа поголема површина земјоделско земјиште и овоштарници, а беа загрозени и домови на граѓани.
И покрај апелите на надлежните да не се палат земјоделските површини, оваа лоша практика и натаму е присутна, а несовесните граѓани најчесто минуваат неказнето.
OhridNews