
-Системот испратил многу јасни пораки. Детектиран е чад во тоалетот. Минута подоцна, детектиран е чад во одделот за електроника. Две минути подоцна, сите единици за контрола на летот се откажуваат, појасни тој.
Авионот на египетската компанија „Иџиптер“ ноќта меѓу средата и четвртокот се урна во Средоземното Море, северно од Александрија.
Портпаролот на француското Биро за истрага и анализа рече дека авионот емитувал пораки, кои укажуваат дека во авионот имало чад непосредно пред прекинот на преносот на податоци. Тој, меѓутоа, оцени дека уште е прерано за толкување и разбирање на причините за несреќата, се додека не се пронајде трупот и црните кутии.
Си-ен-ен вчера јави дека податоците од автоматскиот систем, кој разменува со службите на земјите податоци од авионот, покажуваат дека пред самиот пад на авионот на „Иџипт ер“ се вклучил детектор на чад.
OhridNews
Извор:„МИА“











