Граѓаните на Струга се жалат на мирисот на скара кој се шири од оџаците на угостителските објекти покрај кејот на Дрим. Тие тврдат дека своите поплаки ги испратиле до надлежните служби, но никој не реагирал.
На слични проблеми се жалат и охриѓани. Сметаат дека угостителите треба соодветно да го решат проблемот со чадот од скарите кој провејува по градскиот кеј.
Угостителите, пак, тврдат дека ги преземемаат неопходните мерки и ги почитуваат прописите.