Фудбалерот на Баер Леверкузен, Хакан Чаланоглу, доби четирмесечна суспензија, поради договорот кој како тинејџер во 2011 година го потпишал со Трабзон.


Чаланоглу пре нешто повеќе од пет години, како играч на Карлсруе, од турскиот тим добил 100.000 евра како аванс, но потоа се премислил и потпишал со Баер.

Исто така тој ќе мора наведената сума да му ја врати на Трабзон. Баер Леверкузен не е вклучен во прекршокот кој го направил фудбалерот, бидејќи во Леверкузен пристигнал откако му завршил договорот со Карлсруе.

„Ова е голем удар за Хакан, но и за нас. Иако клубот нема врска со случајот, сепак е казнет. Ќе играме без важен играч во клучниот дел од сезоната. Жалиме поради оваа одлука на која не можеме да влијаеме“, рекол спортскиот директор на Баер, Руди Фелер.

Чаланоглу нема да може да настапува во Бундеслигата, а ќе ги пропушти и дуелите во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид и евентуалните понатамошни натпревари во ова натпреварување.

Исто така тој нема да може да настапи за Турција на 24.март, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.

OhridNews