Бразилскиот клуб, Чапекоенсе во чест на загинатите фудбалери, стручниот штаб и техничкиот персонал во авионската несреќа го промена официјалното лого.
Чапекоенсе, на амблемот од клубот додаде две ѕвезди. Едната, горе, е титулата од Судамерика која клубот ја освои по иницијатива од Атлетик Национал кој требаше да биде противник на бразилците во финалето. Втората ѕвезда се наоѓа на Ф буквата, што ќе потсеќа на сите членови кои го загубија животот близу градот Меделин.
Преживеаните шест патници полека се опоравуваат, а несреќниот клуб се консолидира после страшната трагедија со животни загуби.
OhridNews