Несреќниот клуб, Чапекоенсе кој ја изгуби целата екипа во авионска несреќа ја крева главата и ги консолидира своите редови за продолжението од сезоната.
Клубот од Бразил назначи нов тренер во името на Вагнер Мансини. 50-годишниот стратег водејќи ги Гремио, Сантош, Васко де Гама, Крузеиро и Ботафого има доволно искуство да се справи со најголемиот предизвик.
„Зелено белите“ ги отфрлија сите понуди од фудбалерите вклучувајќи ја и од Роналдињо кој сам се понуди за трансфер во клубот.
Чапекоенсе остана без стручниот штаб, техничкиот персонал и голем дел од играчите по срушувањето на авионот во Колумбија на пат за одигрувањето на првиот меч од финалето на Судамерика.
Чапекоенсе го промени логото во чест на загинатите фудбалери
OhridNews