Противникот на Чапекоенсе во финалето од Судамерика, Атлетик Национал поведе постапка, а КОНМЕБОЛ ја прифати да се круниса бразилскиот состав за нов шампион на второто по ранг натпреварување во јужноамеричките земји.


Клубот Чапекоенсе ги загуби речиси сите фудбалери, откако авионот кој ги превезуваше до Меделин, Колумбија, каде требаше да го одиграат првиот меч од финалето се сруши.

На состанокот кој ќе се одржи на 21 декември КОНМЕБОЛ, ќе ја потврди одлуката, бидејќи според бразилските медиуми не е сега моментот за такво нешто.

Од целата клупска експедиција, авионската несреќа ја пребродија тројца, а еден од нив, голманот Фолман Џексон остана без една нога, откако му беше ампутирана.

OhridNews