Сопствениците на кафе-баровите кои работат во охридската чаршија, со своите маси и столици не смеат да ги надминат жолтите линии кои се означени од локалните власти.

Со вакви линии е обележан и просторот пред тезгите до ТЦ „Амам“, со цел на граѓаните да им се обезбеди поголем простор за минување.

Акцијата со обележување на просторот започна вчера и ќе се одвива и во наредните денови, во зависност од временските прилики. Целта на оваа акција е спроведување на програмата за урбана опрема која беше изгласана од страна на Советот на општина Охрид. За тие кои нема да ги почитуваат прописите и просторот, ќе следуваат санкции согласно законските прописи.“- велат од општинскиот инспекторат.

Инаку, црвени линии со ваква намена изминатиот месец беа исцртани во струшката чаршија.

О.Т.