Седум чартер летови ќе бидат реализирани во текот на денешниот ден и ноќта на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.


Првиот со 146 патници од Базел, Швајцарија, инаку жители Албанци од струшко и кичевско, слета на охридскиот аеродром во 13.30 часот. 


Дел од патниците не беа расположени за разговор со новинарските екипи, но сепак имаше и такви кои не ја криеја целта на посетата, потврдувајќи дека во Македонија допатувале специјално за да гласаат на локалните избори.

-Да дојдовме тука за да гласаме на локалните избори.
-Очекувам да победиме на изборите затоа дојдовме.-изјавија дел од патниците.


На охридскиот аеродром патниците кои допатуваа од Базел ги чекаа автобуси, со кои се упатија кон крајните дестинации во кичевско и струшко.


Според најавите, на аеродромот во Охрид во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат уште неколку чартер авиони со патници од Швајцарија, инаку државјани на Македонија со привремен престој во странство, кои специјално доаѓаат за да гласаат на локалните избори.

Г. Момироски
фото: Емилио