Со чартер лет попладнево од аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, македонската фудбалска репрезентација отпатува за Даблин каде во сабота ќе го одигра можеби клучниот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2012, против репрезентацијата на Ирска.


Атмосферата во репрезентацијата, како што вели искусниот дефанзивец Игор Митрески е одлична.

-Свесни сме за значејнето на натпреварот. Важно е што атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво. Во овие квалификации среќата не не служи, но на овој натпревар нема што да загубиме, мора да нападнеме и поофанзивно да играме затоа што евентауален успех ќе не врати во игра во квалификациите, изјави за OhridNews, Игор Митрески.


Оптимизам има и кај Величе Шумуликоски, кој дел од својата интернационална кариера мина токму на островото.

 – Мора да играме на победа доколку сакаме да останеме во игра во квалификациите. Знаеме која е Ирска, домаќинот ќе има голема поддршка од публиката, но доколку ги исполниме тактичките замисли на селекторот можеме да успееме.-рече Шумуликоски

Г.М.