Манчестер Јунајтед само една седмица се задржа на врвот во Премиер лигата откако претрпе убедлив пораз на Емирати од Арсенал 3-0.


„Топчиите“ му одржаа вистинска лекција на „црвените ѓаволи“ за модерен фудбал играјќи по школските учебници во текот на целиот натпревар.

Победата после четири години на Емирати домаќините ја обезбедија со двата голови на Алексис Санчез и Месут Озил до 20-та минута од мечот.


Гостите од Олд Трафорд во финишот од првиот дел се созедоа од шокот, но голманот на Арсенал, Петр Чех не дозволи погодок со кој ќе се разбудеше противникот.

На врвот по комплетирањето на осмата рунда е Манчестер Сити со два бодови повеќе од Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Резултати : Арсенал – Мен Ју 3-0, Свонси – Тотенхем 2-2, Евертон – Ливерпул 2-2.

Ohridnews