Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, од денес и официјално е нов тренер на „Кралскиот клуб“, соопшти прес-службата на мадридскиот клуб.
⚽🤝👔@XabiAlonso | #WelcomeXabi pic.twitter.com/HX22V45b5a
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 25, 2025
Алонсо на клупата на Реал ќе го замени италијанскиот стручњак Карло Анчелоти кој си замина од клубот откако го одработи вториот мандат. Дон Карло со „кралевите“ освои 15 трофеи, најмногу во историјата на клубот. Откако освои четири трофеи во своето првично владеење од 2013 до 2015 година, легендарниот менаџер се врати во Мадрид во 2021 година и освои уште 11, од кои три во Лигата на шампиони, пред да си замине на крајот од оваа сезона.
Г.М.