По завршување на сезоната Чави Хернандез ќе ја напушти Барселона по 24 години минати во клубот и ќе замине во Катар.


Шпанскиот весник „Ас“ информираше дека Чави со Ал Сад потпишал три годишен договор со кој стави точка на сите шпекулации околу неговата иднина.

Чави во редовите на Барселона е од својата 11-та година и успешно ја минал познатата фудбалска школа „Ла Масија“.

Со него во составот каталонците освоија се што можеше да освојат, а беше дел и од шпанската селекција која го покори светот и Европа.

Мх.П.