Еден од најзаслужните за историските успеси на Барселона, Чави Хернандез сезонава има епизодна улога во екипата и повеќе време поминува на клупата него на теренот.

Младите тропнаа на врата од каталонскиот клуб, а и неколкуте засилувања и 34-те години на маестрото си го направија своето и го седнаа на клупата.

– Јас сум не среќен што седам на клупата. Јас сакам да играм што повеќе и да ја сменам моменталната ситуација. Но, тимот е на првото место и тренерот одлучува кој ќе игра. Не е драматична ситуацијата од мојата гледна точка, но сакам да играм и тоа што ме прави среќен – рече Чави.

Чави, Иниеста, Меси беше маѓична тројка која беше мозокот на „тика така“ филозофијата која ја воведе Пеп Гвардиола.

Мх.П.