Лутите ривали Реал Мадрид и Барселона во сабота на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ги одмерат силите во 11-та рунда од шпанската Примера.
Поранешните актери во „Ел Класико“ на свој начин го анализираат првото од двете загарантирани сезонава, а интересна изјава даде Чави Хернандез екс капитенот на каталонците.
– Шансите на клубовите се изедначени, но ако не игра Меси за Барселона. И Реал има повредени играчите, но ниту еден од нив не е значаен како Меси. Очекувам добра и тврда пресметка со малку голови. Се уште е рано да се размавнат двете екипи, но секогаш мора да се оди со резерва пред почетокот на дербито. – рече Чави.
Пред дербито, Барселона е лидер на табалта со три бодови предност од големиот ривал Реал Мадрид.
Мх.П.











