Легендата на Барселона, Чави Ернандес, изјави дека бил погоден од начинот на кој Реал се одрекнал од услугите на долгогодишниот капитен Икер Касиљас.
Чави 15 години беше ривал со Касиљас, но истовремено и соиграч во репрезентацијата, со која двапати беа европски и еднаш светски шампиони.
„Последните неколку сезони забележав дека тој повеќе не ужива во Реал. За таков голман каков што е тој, логично е да биде под притисок на јавноста поради своите настапи, најмногу поради успесите кои ги постигна во кариерата. Мислам дека луѓето не искажаа доволно потчит. Погледнете само каков однос имаат Италијанците кон својата легенда Буфон, тогаш ќе разбирате дека тука нешто не е во ред. Сега, кога е во Порто, сигурен сум дека ќе биде дочекан како херој и дека биде многу повеќе почитуван“, рекол Чави.
Еден од најдобрите играчи шпански играчи во историјата по завршувањето на сезоната ја напушти Барселона и се пресели во катарскиот Ал Сад.
„Макфакс“