Митко Чавков и Диме Спасов се враќаат на функциите, министри за внатрешни работи и труд и социјала, објави „Телма“. Чавков доби 69 гласа, а  Спасов 67 гласови на седницата на сообранието кој започна денеска попладне. Тие ги потпишаа и свечените изјави со што и официјално стануваат министри. Образложението на премиерот Емил Димитриев е дека, нивното повторно назначување е  врз основа на тоа дека нема да има избори на 5-ти Јуни.

Пратениците од СДСМ не останаа за свечените изјави, по гласањето, револтирани ја напуштија седницата.Претходно, координаторот на пратеничката група, Горан Сугаревски, обвини дека аболицираните криминалци повторно формираат влада.

Пратеникот и претседател на ЛДП, Горан Милески, праша, ако одлуката важи за министрите зошто да не важи и за премиерот?

Според Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ проблем во оваа држава е катастрофално нискиот рејтинг на СДСМ и нивниот страв од соочување со граѓаните и давање на легитимитетот тие да одлучуваат.

Сето ова се случуваше, откако претходно Собранието ги констатираше оставките на министрите Оливер Спасовски и Фросина Ременски, кои самите, заедно со дополнителните заменици министри ги поднесоа на 6-ти април, пред распуштањето на Собранието.

OhridNews
Извор:„Телма“

Уставниот суд донесе времена мерка за одложување на сите изборни активности