Континенталниот собир на најдобрите фудбалски репрезентации во Европа ќе се одржи следната 2021 година, место оваа година како што беше планирано. УЕФА одлуката ја донесе откако пандемијата на коронавирусот го парализираше европскиот фудбал. Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин рече дека одлуката на била лесно но морална бидејќи фудбалот пред празни трибини не е фудбал.
Ние се наоѓаме на чело на спортот со кој огромен број луѓе живеат и дишат, кој го покоси овој невидлив и брз противник. Во вакви времиња, фудбалската јавност мора да покаже одговорност, единство, солидарност и алтруизам. Здравјето на навивачите, луѓето и играчите мора да се наш приоритет, а во тој дух, УЕФА осмисли бројни опции за да можат натпреварувањата да се завршат сезонава. Горд сум на колегите ширум Европа. Постои вистински дух на соработка, сите разбраа дека мора да жртвуваат нешто за да ги постигнеме најдобрите резултати. Најважно е што УЕФА како владејачко тело на европскиот фудбал ја направи најголемата жртва. Поместувањето на Европското првенство претставува голем трошок за УЕФА, но ќе дадеме се од себе финансирањето на развојот на фудбалот во 55 земји да не биде погоден. – изјави Чеферин.
Покрај ЕП, одложени се и баражите. УЕФА одреди нови термини за финалните натпревари во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа, додека на клубовите и националните федерации им даде рок до јуни да ги завршат националните шампионати.
ЕВРО 2021 ќе се одржи во 12 земји.
OhridNews