Еден од кандидатите за замена на Давид де Геа, кој е пред трансфер во Реал Мадрид е голманот на Челси, Петр Чех. Иако „ѓаволите“ се поврзуваат со неколку голмани Пол Сколс смета дека рационален и идеален избор е чешкиот голман.


– Нашиот клуб долго време се мачеше со наоѓање на голман од рангот со Питер Шмајхел. Се се промени во 2005 година кога во тимот дојде Едвин ван дер Сар, кој веќе имаше искуство во Премеир лигата и европските натпреварување. Сето тоа сега го има Чех и затоа мислам дека тој е правото решение ако замине Де Геа секако. – рече поранешниот фудбалер на Јунајтед.

Чешкиот репрезентативен голман сезонава падна во втор план на Стемфорд Бриџ по доаѓањето на Тибо Куртоа од Алтетико Мадрид.  

Ван дер Сар со Манчестер Јунајтед освои четири титули во Премиер лигата и една во Лигата на Шампиони победувајќи го токму Челси во финалето по изведување на пеналите.

Мх.П.