Бранителот на трофејот на Роланд Гарос, Станислас Вавринка со судни маки ја помина првата рунда совладувајќи го во пет сетови (4-6, 6-1, 3-6, 6-3, 6-4) чешкиот тенисер Лукас Росол.
Швајцарецот губеше 1-0 и 2-1, но најде сили и начин да го скрши отпорот на Росол кој издржа дуел со шампионот цели три часови и 14 минути.
Росол првиот сет го доби 6-4, а Вавринка експресно врати со 6-1. Чехот одново стекна предност добивајќи го третиот сет 6-3, а со иста мера возврати и Швајцарецот.
Во петтиот одлучувачки сет пресуди искуството и физичката подготвеност која целосно е на страната од Вавринка.
Покрај Вавринка пласман во втората рунда обезбеди и Милош Раониќ кој во три сетови го среди Јанко Типсаревиќ.
OhridNews