Селекциите на Хрватска и Швајцарија ги чекираа билетите за Мундијалот во Русија, откако успешно ги минаа Грција односно Северна Ирска во бараж натпреварите.
Хрватите на „Караискаки“ стадионот ремизираа без голови 0-0 и благодарание на триумфот во Загреб (4-1) ја минаа Грција и обезбедија пласман на СП.
Швајцарија пред своите гледачи ремизирајќи 0-0 ја зачува минималната предност (1-0) од првиот меч со Северна Ирска остварена во Белфаст. Одлувачки во бараж двомечот е сомнителниот пенал после кој швајцарците постигнаа погодок и затропаа на вратата од собирот на сите ѕвезди.
Останатите две селекции кои ќе патуваат во Русија ќе се дознаат по одигрувањето на вторите мечеви помеѓу Италија – Шведска (0-1) односно Република Ирска – Данска (0-0).
OhridNews