Екипата на Вест Хем најави атак на ТОП 4 местата на табелата во Премиер лигата со ангажманот на неколкуте квалитетни фудбалери во досегашниот преоден рок на трансфер пазарот.

Најново засилување на „чеканите“ е мексиканскиот репрезентативец, Хавиер Хернандез „Чичарито“ кој во Лондон доаѓа од Баер Леверкузен. Вест Хем на „фармацевтите“ за услигуте на екс играчот на Манчестер Јунајтед им исплатија 16 милиони фунти.

Претходно, Вест Хем ги ангажираше Пабло Забалета и голманот Џо Харт од Манчестер Сити и Марко Арнаутовиќ од редовите на Стоук.

Со доаѓањето на овие четворица квалитетни фудбалери и задржување на костурот од минатата сезона менаџерот Славен Билиќ има повеќе од добра и искусна екипа.

OhridNews