Со погодокот на Огбона во последната минута од продолжението два пати по 15 минути екипата на Вест Хем го совлада Ливерпул 2-1 и обезбеди пласман во 5-та рунда од ФА Купот.


„Чеканите“ и во регуларните деведесет минути први поведоа со голот на Мичел Антонио. Неизвесноста околу патникот во следната рунда ја врати Коутињо со маестрален погодок од слободен удар.

Неколкуте нереализирани шанси на Даниел Стариџ и Кристијан Бентеке ги казни Огбона во 120-та минута кога со глава ја погоди мрежата на Симон Мињолет за 2-1 и конечна победа.

Вест Хем во 5-та рунда ќе се сретне со тимот на Блекбурн.

OhridNews