Англискиот премиерлигаш Вест Хем неполни 24 часа после разрешувањето на Славен Билиќ назначија нов менаџер со кој ќе ја продолжат сезоната. Се работи за Дејвид Мојс кој има долго искуство во Премиер лигата.
Искуството во најсилната фудбалска лига во Англија, Мојс го акумулираше во Евертон водејќи го тимот од Гудисон Парк цели десет години. Потоа имаше неуспешна авантура на Олд Трафорд, а се проба во шпанската Ла Лига на клупата од Реал Сосиедад. Негово последно тренерско искуство беше во Сандерленд, но со клубот не успеа да обезбеди опстанок.
Мојс ги повика навивачите и сите симпатизери на „чеканите“ да го бодрат клубот како никогаш до сега, бидејќи поддршка им е повеќе од потребна. Шкотскиот стручњак со Вест Хем потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на соработката.
OhridNews