Фудбалерите на Вест Хем во четвртата рунда ги освоија првите бодови во Премиер лигата совладувајќи го тимот на Хадерсфилд со 2-0 пред своите гледачи.
„Чеканите“ цели 72-ет минути бараа начин да го пробијат бедемот на гостинскиот состав. Патот до мрежата го пронајде Педро Обијан со голема доза на среќа. Пет минути подоцна гостите потклекнаа уште еднаш, а стрелец на голот беше Андре Ају.
Со трите бодови од последниот дуел во четвртата рунда во Премиер лигата, Вест Хем се одлепи од дното на табелата и фенерот им го предаде на Бурнмаут и Кристал Палас.
OhridNews