Првата мултиетничка дебата „Единство во Различноста – Струга“ успеа да го привлече вниманието на 60-тина граѓани од општина Струга, од сите етнички заедници. Главна цел на проектот е да и помогне на заедницата да ги надмине предрасудите базирани на етничката припадност и религијата.


Во рамки на дебатата се обратија Проф. Д-р. Отец Стефан Санџакоски кој изјави дека „ за Православната Црква учествувањето  во икуменското движење и во дијалогот со нехристијанските  религии не е прашање на стратегија и допломатија.Тоа е самата мисија на Црквата и пројавување на самиот идентитет на Црквата. Прашањето за верската толеранција и икуменизмот пред се е израз на грижа на Црквата за спасението на сите луѓе и на сиот свет“.

Пред присутните се обрати и Јусуф Исмаили – Теологот по Исламски Науки кој изјави дека самото значење на зборот Ислам е мир и останатите вери отсекогаш уживале посебна заштита во рамките од страна на муслиманите и можеле слободно да ја задржат и практикуваат својата религија.


Оваа дебата е прва од циклусот јавни дебати на тема  „Единство во Различноста“ кои ќе се одржуваат во ноември и декември во општина Струга. Целта е да се дојде до конструктивни заклучоци кои ќе бидат искористени од Комисијата за односи меѓу заедниците при составувањето на нивната годишна програма.

Дебатата е дел од проектот „Единство во Различноста“ имплементиран од  Локалната Агенција за Развој од Струга, а кој е поддржан од Заедничката програма на Обединетите Нации „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници“.

OhridNews