Екипата на Тотенхем направи чекор напред кон финалето во англискиот Капитал куп победувајќи го со 1-0 Шефилд Јунајтед.
Победоносниот погодок за „петлите“ го постигна Андрос Таунсенд во 73-та минута од белата точка.
За недела дена Тотенхем на стадионот од противникот ќе ја брани предноста остварена на Вајт харт лејн.
Во другото полуфинале Ливерпул и Челси одиграа без победник 1-1 на Енфилд.
Ohridnews