Екипата на Виљареал се врати чекор назад во борбата за местата на табелата кои водат во Лигата на Шампиони претрпувајќи пораз од Лас Палмас (1-0) на „Гран Канарија“ стадионот во воведниот меч од 27-та рунда во Примера дивизион.
Домашните фудбалери резултатот го отворија после првата посериозна прилика во натпреварот, а стрелец на голот беше Кевин Принс Боатенг во 10-та минута. Девет минути подоцна следуваше нов шок за гостинскиот состав кој остана со играч помалку после директниот црвен картон на Виктор Руиз.
Лас Палмас со иницијатива на теренот ја задржа минималната предност и прокнижи нови три бодови кои го зацврстуваат на средината од табелата во Ла Лига.
OhridNews