Фудбалерите на Ливерпул го победија Фулам (2-1) и направија чекор напред во борбата за титулата, додека Челси изгуби од Евертон (2-0) и направи чекор назад во битката за пласман во ТОП 4 во англиската Премиер лигата.

„Црвените“ до трите бодови на „Кревен Котиџ“ стигнаа со голот од пенал на Џејмс Милнер во 81-та минута. Претходно гостите од Ливерпул поведоа со 1-0 преку Садио Мане, а израмни Рајан Бабел после кардиналната грешка на Алисон Бекер и Вирџил ван Дајк.

Евертон на „Гудисон Парк“ со погодоците на Ричарлисон и Гулфи Сигурдсон во второто полувреме го матираше Челси и му зададе тежок удар во битката за ТОП 4. „Сините“ после поразот од Евертон се во најлоша позиција и во последните осум рунди ќе им бидат потребни што повеќе бодови и кикс на ривалите.

OhridNews