Преселувањето на бразилскиот репрезентативец Нејмар од Барселона во Пари Сент Жермен ќе биде одложено, откако челниците на шпанската Ла Лига го стопираа трансферот.
Барселона даде зелено светло за заминување на Нејмар, а каталонците од трансферот треба да инкасираат 222 милиони плус одредени бонуси следните сезони.
Сепак, трансферот не може да биде официјализиран без амин од челниците на Ла Лига кои треба да ги обезбедат потребните документи.
– ПСЖ нема да го испочитува финансискиот фер плеј наложен од ФИФА и УЕФА и ние ќе ги пријавиме. Јавноста со нетрпение го очекува епилогот, но не е ништо готово. – рече првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Лионел Меси и Луис Суарез со емотивни пораки на социјалните мрежи се збогуваа со Нејмар со кој го сочинуваат „МСН“ триото на Ноу Камп.
OhridNews