Англискиот премиерлигаш Челси ја одби првата официјална понуда на Реал Мадрид за услугите на белгискиот репрезентативец Еден Азард.

Како што пренесува шпанскиот весник „Ас“, Реал Мадрид понудил 82 милиони евра, но „сините“ експресно ја одбиле. Во летниот преоден рок се очекува „кралевите“ да тргнат во нова офанзива, а понудата би изнесувала 115 милиони евра.

Азард е една од желбите на Зинедин Зидан кој се врати на тренерската позиција во Реал Мадрид и многу веројатно ќе му биде исполнета. Белгиецот важечки договор со Челси има уште 18 месеци, што значи дека „сините“ ако не го продадат во следните два преодни рокови, во третиот ќе замине без никаква оштета.

Азард на Стемфорд Бриџ се пресели од Лил во 2012 година за 35 милиони евра.

OhridNews